Лажни покани за наводна тековна истрага на Министерство за внатрешни работи (МВР) и ЕВРОПОЛ стигнуваат до граѓани и фирми во земјава. Од Министерството апелираат да не се наседнува на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал во МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.
„Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност“, велат од МВР: