ГРАЃАНИТЕ ДА СЕДАТ ДОМА, ПОЛИТИЧАРИТЕ ЌЕ ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ, ВЕЛИ АХМЕТИ

    ГРАЃАНИТЕ ДА СЕДАТ ДОМА, ПОЛИТИЧАРИТЕ ЌЕ ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ, ВЕЛИ АХМЕТИНовиот претседател на Собранието Талат Џафери со лидерот на ДУИ Али Ахмети пред конститутивната седница на 30 декември. (архивска фотографија)

    Пред почетокот на состанокот на централното претседателство на ДУИ, лидерот на партијата од Мала Речица, Али Ахмети, ги повика граѓаните да останат смирени и да им го препуштат решавањето на кризата на политичарите. Ахмети кажа и дека нема да оди на лидерската средба на која го покани претседателот Ѓорге Иванов.

    „Нема да одам на лидерската средба затоа што Иванов е дел од проблемот, а не од решението. Ги осудувам синоќешните случувања во Собранието и повикувам на смиреност. Граѓаните да седам дома, ова е политички проблем и ќе го решат политичарите“, изјави Ахмети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира