ГРАЃАНИТЕ СО ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО ПОБАРАА МОРАТОРИУМ НА УВОЗ НА ОТПАД ЗА ГОРЕЊЕ

    ГРАЃАНИТЕ СО ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО ПОБАРАА МОРАТОРИУМ НА УВОЗ НА ОТПАД ЗА ГОРЕЊЕПротестот помина без организирани говори, само со, музика, пароли и скандирања (Фото: К. Попов)

    Мораториум на увоз на отпад за горење побараа над 200 граѓани на денешниот протест пред Собранието, организиран од здружението „Петоци за иднината Македонија“.

    Без организирани говори, само со, музика, пароли и скандирања, тие го блокираа сообраќајот пред Собранието, седнувајќи на асфалтот.

    (Фото: К. Попов)

    „Македонија нема капацитети, лаборатории и механизми за соодветно и неопходно испитување на отпадот што влегува во државата заради согорување. Токму затоа, бараме мораториум на увозот на отпад додека државата не оспособи лаборатории кои ќе ги испитуваат евентуалните отрови што ги содржи увезеното ѓубре. Притоа ги повикуваме пратениците да ги изгласаат предложените законски измени за увозот на отпад пред Собранието да биде распуштено“, се вели во соопштението на „Петоци за иднината на Македонија“.

    (Фото: К. Попов)

    Повторно не дозволувајќи протестот да добие политички карактер, организаторите бурно реагираа кога меѓу присутните се појави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Затурковска, па ѝ порачаа дека место не ѝ е на протестот, туку за нивните барања треба да се бори во Собранието.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира