ГРАЃАНСКИОТ СУД НА ПРВО МЕСТО ПО ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ГИ ОБЈАВУВА СИТЕ ДОНЕСЕНИ ОДЛУКИ

    ГРАЃАНСКИОТ СУД НА ПРВО МЕСТО ПО ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ГИ ОБЈАВУВА СИТЕ ДОНЕСЕНИ ОДЛУКИВо периодот од први јануари до 31 мај годинава, Граѓанскиот суд анонимизирал и објавил вкупно 4.289 одлуки, што е за 3.449 одлуки повеќе во однос на истиот период за претходната 2017 година. (Фото: СДК.МК)

    За првите пет месеци од оваа година Основниот суд Скопје 2 објавил на својата веб страна повеќе одлуки отколку што објавил лани за цела година. Со тоа избива на прво место од сите судови според транспарентноста, што е заедничка законска обврска.

    Во периодот од први јануари до 31 мај годинава, Граѓанскиот суд анонимизирал и објавил вкупно 4.289 одлуки, што е за 3.449 одлуки повеќе во однос на истиот период за претходната 2017 година. Лани за истиот пеиод биле објавени само 840 одлуки на судиите, а вкупно за цела година 4.265.

    Главниот акцент на обуките за судии што ги спонзорираат со години наназад странските држави со независно судство, е должноста за отвореност и достапност на судството пред граѓаните.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира