Грчки воени авиони утрово со дозвола на македонските власти за прв пат го прелетуваа македонското небо.
Прелетите се за потребите на НАТО мисијата за заштита на воздушниот простор на земјите членки. Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на македонскиот воздухопловен простор.
Со Договорот од Преспа беше договорено Грција да врши надзор на безбедноста на воздушниот простор над Северна Македонија.
Со своите воени авиони Грција го следи воздушниот простор и на Црна Гора и Албанија.
А. АНТЕВСКА