ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЅИЈАС ДОЈДЕ ВО ОХРИД

    ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЅИЈАС ДОЈДЕ ВО ОХРИДМинистерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕија околу 17 часот слета на охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“ и замина за Охрид (Фото:СДК.МК)

    Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијасоколу 17 часот слета на охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“. Од аеродромот, министерот Коѕијас замина за Охрид каде треба да има работна вечера со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

    Министрите  Димитров и Коѕијас утре треба официјално да ги продолжат преговорите за надминување на спорот за името со Грција. Од Министерството за надворешни работи велат дека се очекува нова рунда на тешки разговори, но оти остануваат оптимисти дека ќе се најде достоинствено решение.

    Средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција е една недела пред објавување на новиот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира