ГРЧКИТЕ СЛУЖБИ ГИ ИЗВЛЕКЛЕ ТЕЛАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНАРИ НА КАЈМАКЧАЛАН

    ГРЧКИТЕ СЛУЖБИ ГИ ИЗВЛЕКЛЕ ТЕЛАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНАРИ НА КАЈМАКЧАЛАНСпасувачката акција на грчката противпожарна служба со три возила и 13 спасувачи почнала вчера попладне. (Фото: Ворија)

    Телата на двајцата македонски планинари се извлечени од врвот Кајмакчалан и се симнуваат кон скијачки центар во Грција, објави државната агенција МИА, повикувајќи се на извори од грчката противпожарна служба. Двајцата планинари од Македонија загинале на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе во Грција, најверојатно по пад во бездна.

    Станува збор за 25-годишна девојка и 35-годишен маж. Од Дирекцијата на Центарот за заштита и спасување во Битола соопштија дека педесетина млади планинари од Скопје биле на прошетка на планината во Грција на потегот од Лутраки кон Кајмакчалан. Вечерта од нив 48 се вратиле, а двајца не.

    Грчката противпожарна служба, вчера добила повик за помош и од 14.30 часот, започнала спасувачката акција со три возила и 13 спасувачи. Доцна во ноќта, планинарите биле лоцирани во непрооден дел, но не давале знаци на живот. По лоцирањето на местото каде што паднале двајцата планинари, од рано утрово, траеше акцијата на грчките пожарникари за извлекување на телата на планинарите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира