ГРКОВСКА МУ ПУШТИ ПИСМЕНА ОПОМЕНА НА ТУПАНЧЕВСКИ ЗА ГРАТИС ПАТУВАЊЕТО ВО ПАЛЕРМО, АМА И ЗА ТОА ДЕКА СЕ КРИЕШЕ ОД ЈАВНОСТА 

    ГРКОВСКА МУ ПУШТИ ПИСМЕНА ОПОМЕНА НА ТУПАНЧЕВСКИ ЗА ГРАТИС ПАТУВАЊЕТО ВО ПАЛЕРМО, АМА И ЗА ТОА ДЕКА СЕ КРИЕШЕ ОД ЈАВНОСТА Министерот Тупанчевски беше во првиот ред на ВИП-ложата на стадионот во Палермо, заедно со обвинителката Фетаи и судијата Нанев. (Фото: СДК.МК)

    Славица Грковска, потпретседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење, му напишала писмена опомена на министерот за правда Никола Тупанчески за кршење на  Етичкиот кодекс за избрани и именувани функционери, за гратис патувањето и картата во вип-ложата на натпреварот меѓу Италија и Македонија во Палермо.

    Иако сите јавни функционери од Македонија во ложата таа вечер беа на покана на Фудбалската федерација на Македонија, сепак министер во вакви случаи, и да биде специјално поканет, ги крши член 12 и 17 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата. 

    Грковска меѓутоа го укорува Тупанчевски и зошто не и одговорил на јавноста веднаш, каков и да е одговорот за патувањето во Палермо, туку ја оставил да чека повеќе од една недела.

    Како лице задолжено од Владата за следење на спроведување на Кодексот, а врз основа на информациите и податоците што министерот Тупанчевски ги достави, заменик-претседателката Грковска констатирала дека не е постапено согласно одредбите пропишани во Кодексот, при што меѓудругото, укажала дека согласно член 9 од Кодексот, носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција. 

    Во меѓувреме, врз основа на анализите направени минатиот месец и на утврдените слабости во Кодексот, а во соработка со меѓународните партнери, веднаш ќе се прави подобрување на решенијата предвидени во Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и за носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, за што лично се ангажирала Грковска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира