Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека неговата партија не ги оспорува одлуките на Стејт Департментот, но дека неговиот сопартиец Артан Груби има право жалба и ќе го води процесот насочен со факти. Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети завчера беа означени од Стејт Департментот за вмешаност во голема корупција.
„Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право господин Груби го има во одлуката на Стејт депарментот и тој сигурно нема да му наштети ниту на неговиот политички субјект, ниту на неговото семејство, до моментот кога овој процес ќе добие финална разврска“ кажа Ахмети.
Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања на денешниот протест пред Уставниот суд во врска со Законот за употреба на јазиците, потоа кажа дека ако се утврди вина кај Груби, тој сам ќе се повлече од сите партиски функции и нема да има потреба партијата да го отстранува.
- АКО НИЕ МОЖЕМЕ ДА СОБЕРЕМЕ ДОКАЗИ ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ, МОЖАТ И МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ, КАЖА АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР
- АРТАН ГРУБИ И СУДИЈАТА ЕНВЕР БЕЏЕТИ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД, ЗЕМАЛЕ МИТО ЗА СУДЕЊАТА НА МИЈАЛКОВ
Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.