ГРУЕВСКИ ДОБИ СУДСКА ОПОМЕНА ЗА НАВРЕДА ОТКАКО КРИВИЧНИОТ СУД ВО СУДНИЦА ГО НАРЕЧЕ ПАРТИСКИ СУД

    ГРУЕВСКИ ДОБИ СУДСКА ОПОМЕНА ЗА НАВРЕДА ОТКАКО КРИВИЧНИОТ СУД ВО СУДНИЦА ГО НАРЕЧЕ ПАРТИСКИ СУДНикола Груевски утринава пристигнува во Основниот суд Скопје 1 за рочиште за случајот на СЈО „Тенк“. (Фото: М. Златевска)

    Судијката Добрила Кацарска го опомена експремиерот Никола Груевски, обвинет за незаконската набавка на луксузниот мерцедес во случајот на СЈО „Тенк“, зашто искоментира во судница: „Партиски суд!“.

    Кацарска го прекина воведниот говор на неговиот адвокат Боро Тасевски и заведе во записник: „Ако обвинетиот Никола Груевски уште еднаш го навреди судот, ќе ги применам мерките од Законот за кривична постапка“.

    ЗКП за дофрлување, попречување и навредување на судот од која било од странките во процесот предвидува од парични казни, од 1.000 евра нагоре, до отстранување од судница.

    Во случајот на СЈО „Тенк“, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и Ѓоко Попоски како тогашен шеф за јавни набавки во МВР, обвинети се за злоупотреба на службената положба и овластувањата, за незаконската набавка на луксузниот мерцедес со кршење на Законот за јавни набавки. Груевски е за примање награда за противзаконито влијание.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира