ГРУЕВСКИ ГО УТНА СУДЕЊЕТО, МЕСТО НА „ТЕНК“, ДОЈДЕ НА „МОНСТРУМ“

    ГРУЕВСКИ ГО УТНА СУДЕЊЕТО, МЕСТО НА „ТЕНК“, ДОЈДЕ НА „МОНСТРУМ“Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дојде час и половина порано на судењето за случајот на СЈО „Тенк“. (Фото: М. Златевска)

    Експремиерот Никола Груевски, обвинет во неколку предмети на СЈО, утрово го утна терминот за час и половина во Основниот суд Скопје 1. Во 10 часот, тој откако се проби низ толпата роднини и новинари за случајот „Монструм“, застана пред вратата на големата судница каде што се одржуваат неговите судења, но го пречека обезбедувањето од судската полиција.

    „Вашето судење е закажано за 11.30 часот, сте направиле грешка“, му рече полицаецот.

    Груевски по ова си замина. Треба да дојде за час и половина, за кога е закажано продолжението на судскиот процес за случајот „Тенк“ за незаконската набавка на луксузниот „мерцедес“ од страна на МВР и поранешната министерка Гордана Јанкулоска, по негова нарачка и за негови потреби како тогашен премиер.

    На претходното рочиште за насилство и шамари во Центар, Груевски беше опоменат од обвинителката Фатиме Фетаи и од судијата да не доцни на рочиштето.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира