Обвинетиот експремиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски конечно стана во судницата во Основниот суд Скопје 1 да ги каже личните податоци, со што по многу одложувања почна судењето за насилствата во општина Центар и за шамарите што ги нарачувал за тогашниот градоначалник Андреј Жерновски.
По него стана Миле Јанакиески, кој не носеше лична карта, а немаше ни пасош, зашто рече, тука му се во судот. Тоа не беше проблем да продолжи процедурата. По него стана обвинетата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и останатите 11-мина обвинети.
Два часа претходно адвокатите се обидуваа да ја оспорат одлуката на Апелацискиот суд Скопје за признавање на „бомбите“ за докази, но безуспешно. Михајлова го почна главното рочиште.
С. К. ДЕЛЕВСКА