ГРУЕВСКИ НАЈАВИ ПОБЕДА СО 63 ПРАТЕНИЦИ НА ПРВИОТ МИТИНГ ОД ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Охрид,(Мета)

    ГРУЕВСКИ НАЈАВИ ПОБЕДА СО 63 ПРАТЕНИЦИ НА ПРВИОТ МИТИНГ ОД ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека неговата партија оди на голема победа со 63 пратеници на изборите на 11 декември, обраќајќи се вечерва во Охрид на првиот митинг од предизборната кампања.

    Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, согласно традицијата, изборната кампања ја започнува од овој град кој во последниве шест изборни циклуси им носи победа на изборите.

    Покрај тоа што упати низа критики кон опозицијата, СДСМ и Зоран Заев, Груевски најмногу говореше за новата програма, која како што рече, е реална и содржи над 500 страници на конкретни проекти, мерки и чекори. Тој најави 600 нови милиони евра за субвенции за земјоделците, креирање на 70 илјади нови работни места, нови мерки за рестартирање на индустриските капацитети, смалување на невработеноста на 17 проценти.

    За Коалицијата за подобра Македонија и натаму во фокусот ќе бидат пензионерите, кои ќе добијат зголемување од 10, 5 проценти, додека најниската плата ќе се дефинира на 14.000 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира