ГРУЕВСКИ НЕ ДАВА ОСТАВКА, ЌЕ ГО АНАЛИЗИРА ПОРАЗОТ

    ГРУЕВСКИ НЕ ДАВА ОСТАВКА, ЌЕ ГО АНАЛИЗИРА ПОРАЗОТНикола Груевски на вечерашното обраќање по поразот на локалните избори. (Фото: Е. Ангеловска)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не кажа дека дава оставка во неговото обраќање вечерва. Тој обвини дека локалните избори поминале во нефер услови и најави дека по изборите ќе прават анализи и ќе дискутираат што понатаму.

    „Изборите минаа во нефер услови со закани од официјални институции врз наши градоначалници сред изборите. Имаме информации за поткупување на гласачи и масовно носење гласачи на гласање. Има сериозни индиции за манипулирање со ливчиња од други општини и за сите нерегуларности ќе поднесеме приговори. За првпат во полициски џипови се возеа партиски симпатизери и тоа на СДСМ. Можеби сите овие работи придонесоа за водство или победа на СДСМ во многу општини. Изборите не се завршени, а ВМРО е голема партија. Како претседател реков дека носам највисока одговорност за изборниот резултат и по изборите ќе се направат анализи и ќе се дискутира што понатаму“, изјави Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира