ГРУЕВСКИ НЕ ОТИДЕ ВО АПЕЛАЦИЈА ДА ЈА БРАНИ ЖАЛБАТА ЗА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА „МЕРЦЕДЕСОТ“

    ГРУЕВСКИ НЕ ОТИДЕ ВО АПЕЛАЦИЈА ДА ЈА БРАНИ ЖАЛБАТА ЗА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА „МЕРЦЕДЕСОТ“Груевски не бил обврзан да се појави на суд, додека од затворот во Идризово беше спроведен Ѓоко Поповски (Фото: Ѓ. Личовски)

    Никола Груевски, осуден на две години затвор за нарачка на луксузен „мерцедес“ од пари на полицијата, не дојде денеска во Апелациониот суд Скопје, туку на Шамари и насилство во Центар, во Основниот суд Скопје 1. Тој е обврзан да се појави тука на судска покана, а во Апелациониот суд, не.

    Од затворот во Идризово беше спроведен Ѓоко Поповски од МВР, осуден на 9 години затвор за спроведување на местениот тендер, по нарачка на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Но, расправата се одложи за утре, зашто сите адвокати на Груевски истовремено беа на насилство и шамари во Центар.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира