Стотици шарени балони летнаа вечерва носејќи ја сликата на Никола Груевски кон небото, на демонстрациите пред Собранието на Македонија, во близина на седиштето на Антикорупциската комисија во Скопје.
Граѓаните викаат: „Да одлета Грујо, како што одлетаа балоните“. Еден балон се закачи на жица што предизвика еуфорија и смеење меѓу присутните, јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК.
Организаторите донесоа и голема картонска машина за перење пари. Се пуштаат снимките од бомбите за наводната провизија од кинеските кредити за автопатиштата.