ГРУЕВСКИ ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ОДОЛГОВЛЕКУВА СЕДНИЦАТА ВО АПЕЛАЦИЈА ЗА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ОД ДВЕ ГОДИНИ

    ГРУЕВСКИ ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ОДОЛГОВЛЕКУВА СЕДНИЦАТА ВО АПЕЛАЦИЈА ЗА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ОД ДВЕ ГОДИНИНа вчерашната прес-конференција во Собранието, Никола Груевски кажа дека нема да дојде на денешната седница на Апелациониот суд, затоа што, како што рече, знае каква ќе биде пресудата. (Фото: К. Попов)

    Поранешниот премиер Никола Груевски, кој се жали на затворската казна од две години за незаконската набавка на мерцедес од 600 илјади евра со пари на МВР, и денеска ја блокира седницата во Апелација. Пред Апелациониот суд Скопје тој се жали на затворската пресуда од 2 години, што му ја изрече Основниот суд Скопје 1 во предметот „Тенк“ на СЈО.

    Одбраната на Груевски и осудениот на 6 и пол години затвор Ѓоко Поповски побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, нешто што со Законот за СЈО не е дозволено, односно не е предвидено како можност.

    Груевски, како што најави на вчерашната прес-конференција, не дојде на денешната седница на Апелациониот суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира