ГРУЕВСКИ СЕ ПРАВДА СО КОЗЈАК, А ЗАБОРАВИ ДЕКА ПАНДЕ ЛАЗАРОВ ДОБИ 5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТОЈ СЛУЧАЈ

    ГРУЕВСКИ СЕ ПРАВДА СО КОЗЈАК, А ЗАБОРАВИ ДЕКА ПАНДЕ ЛАЗАРОВ ДОБИ 5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТОЈ СЛУЧАЈВо случајот „Траекторија“, Груевски е обвинет за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, додека Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се обвинети за Злоупотреба на службената положба и овластувања. - Никола Груевски денеска пред Основниот суд Скопје 1; Од апсењето на Панде Лазаров

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешното одложено рочиште за случајот „Траекторија“ за кинеските автопати кажа дека е обвинет за нешто што во минатото го правела владата на СДСМ, споменувајќи ја изградбата на хидроцентралата Козјак. Но, поранешниот премиер заборави да каже дека за случајот „Козјак“, поранешниот директор на Електростопанство на Македонија Панде Лазаров во 2012 година беше осуден на 5 години затвор за перење пари и злоупотреба на службената положба и овластувања.

    „Јас и моите колеги сме обвинети за нешто што го правела во минатото и сега го прави владата на СДСМ. Во минатото имаме случај, при изградбата на хидроцентралата Козјак на ист начин и во иста постапка земала кредит од Кина и ја исфинансирала градбата на Козјак. Сега на ист начин се направи анекс на договорот и тој анекс помина на Парламент. Нешто што го прават и го правеле во минатото ние сме обвинети, па сега вие видете“, кажа Груевски пред Основниот суд Скопје 1.

    Лазаров беше осуден за присвојување на тогашни 190 илјади германски марки и 300 илјади американски долари од 1996 до 1998 година. Средствата биле добиени на име на провизија по склучените договори за деловна соработка меѓу компанија од Германија и кинеска корпорација. На сметката на Лазаров во банка во Унгарија во четири наврати биле уплатени пари. Фирмите кои што ги префрлиле парите требало да испорачаат опрема за електраната Осломеј и хидроцентралата Козјак.

    Во случајот „Траекторија“, покрај Груевски, се уште Владимир Пешевски, Миле Јанакиески, Љупчо Георгиевски. Груевски е обвинет за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, додека останатите тројца се обвинети за Злоупотреба на службената положба и овластувања.

    Истрагата за кинеските автопати произлегува од 14. бомба на лидерот на СДСМ и премиер Зоран заев, кој објави прислушуван разговор меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот премиер Никола Груевски.

    Во разговорот додека трае тендерскиот процес за автопатите, Груевски го прашува Јанакиески „За ова ти колку предлагаш?“, на што Јанакиески одговара: „5%“. Јанакиески потоа дообјаснува дека во точен износ тоа „би се движело меѓу 15 и 18“. Груевски на крај го прашува: „Да не е многу бе, а? Да не се претера, претера новинарството?“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира