ГРУЕВСКИ СО МЕРЦЕДЕС ВО БИТОЛА ГО ОТВОРИ СТАДИОНОТ НА ТАЛЕСКИ „ДВОЈЧЕ“

    ГРУЕВСКИ СО МЕРЦЕДЕС ВО БИТОЛА ГО ОТВОРИ СТАДИОНОТ НА ТАЛЕСКИ „ДВОЈЧЕ“

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ доцна попладнево пристигна на плоштадот Магнолија во Битола и го отвори новиот стадион „Двојче“.

    Ова е новата герила акција на Битолското движење. Двајца битолчани маскирани како помилуваните Никола Груевски и битолскиот градоначалник Владимир Талески со мерцедес пристигнаа на плоштадот. Обезбедувањето им ги отвори вратите и им отвори чадори оти врнеше. Груевски тргнаа да се поздравува со насобраните симпатизери. На крај застана крај импровизираниот стадион, односно зелена патека од теписон со две голчиња и заедно со Талески ја пресекоа црвената лента. Насобраната публика од симпатизери аплаудираше.

    страион 4

    Премиерот стигна со владиниот мерцедес од 600.000 евра сосе обезбедување – од перформансот на плоштадот Магнолија (Фото: СДК.МК)

    страион6

    По ова во манирот на Груевски како кога ги отвораше спортските сали низ Битола, маскираниот битолчанец шутна со топката, но го промаши голот.

    Единствена утка на оваа герила акција беше дека Талески излезе покрупен од Груевски.

    Публиката носеше транспаренти „Стадион Владимир Талески Двојче“.По свеченото пуштање во употреба на стадионот „функционерите“ си заминаа со „владиниот“ мерцедес.

    Герилата беше пародија на долгогодишните ветувања на Талески дека ќе изгради нов стадион под Тумбе Кафе зашто постоечкиот се распаѓа.

    Откако заврши свеченото отварање на стадионот демонстрантите тргнаа кон периферијата и го блокираа кружниот тек на влезот од правецот на Прилеп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира