ГРУЕВСКИ ВЛЕГУВАЛ НА ЗАДНА ВРАТА ВО СУДОТ ОТИ НЕ СЕ ЧУВСТВУВАЛ БЕЗБЕДНО, СООПШТИ СУДОТ

    ГРУЕВСКИ ВЛЕГУВАЛ НА ЗАДНА ВРАТА ВО СУДОТ ОТИ НЕ СЕ ЧУВСТВУВАЛ БЕЗБЕДНО, СООПШТИ СУДОТОбвинетите Миле Јанакиески и Даниела Рангелова го користат главниот влез на Судот. (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 вели дека обвинетиот Никола Груевски влегува и излегува на задна врата на судењето за нарачаните насилства и шамари во Општина Центар поради безбедносна проценка на неговото обезбедување, соопшти Судот. За разлика од него, обвинетите во истиот случај, ексминистерот Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова, го користат главниот влез.

    „Во однос на влегувањето на дел од обвинетите од службениот влез на судот, заради присуство на денешната главна расправа, истото е спроведено по безбедносни проценки на нивното обезбедување кое од редовите на МВР“, соопшти Судот.

    Поради недоаѓање на дури петмина од обвинетите за насилствата и шамарите во Општина Центар на денешното судење против обвинетиот експремиер Никола Груевски, повторно во Основниот суд Скопје 1 се одложи судскиот процес. Судијката Татјана Михајлова го помести за 28 јуни.

    Специјалниот обвинител Гаврил Бубевски побара веднаш да се приведат сите обвинети, кои не го оправдаа денешното отсуство. Одбраната се противеше. Дел од обвинетите, рекоа адвокатите, се отсутни од здравствени причини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира