Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски рано утринава во 4.30 часот ги повикал институциите да направат брза и ефикасна истрага, да ги откријат виновниците и да бидат изнесени на суд, јави агенцијата Макфакс.
Тој рекол дека не знаел што се случува, бидејќи бил во Виена, а дознал од неговото обезбедување.
„Повикувам да не се ставаат во ист кош огромниот број граѓани кои со денови протестираат и никого не повредија со оние кои денес тоа го направија“ рече Груевски и на пратениците им посака брзо закрепнување.
Тој на повредените пратеници им посака брзо заздравување и ја прифати иницијативата на претседателот Иванов за лидерска средба. При тоа изјави дека „народот има право да си ја чува и брани државата, тоа никој не може да го осуди“.