ГРУЈЕВСКИ МИ БАРАШЕ ДА МУ СНИМАМ ЦЕДИЊА СО РАЗГОВОРИ НА ЗАЕВ, ПРИСТАП ДО ПРИСЛУШУВАНИТЕ БРОЕВИ ИМАА И МИЈАЛКОВ И НИКОЛИЌ, СВЕДОЧИ ВРАБОТЕН ВО УБК НА „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“

    ГРУЈЕВСКИ МИ БАРАШЕ ДА МУ СНИМАМ ЦЕДИЊА СО РАЗГОВОРИ НА ЗАЕВ, ПРИСТАП ДО ПРИСЛУШУВАНИТЕ БРОЕВИ ИМАА И МИЈАЛКОВ И НИКОЛИЌ, СВЕДОЧИ ВРАБОТЕН ВО УБК НА „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“Сведокот Марјан Јанкуловски, поранешен вработен во УБК, кажа дека на цедиња ги снимал прислушуваните разговори, од кои дел биле со судска наредба, а дел без. - Обвинетиот Сашо Мијалков на судење за „Тврдина-Таргет“ (Фото: СДК.МК)

    Во Кривичниот суд продолжи судењето за „Тврдина-Таргет“ за масовното нелегално прислушување со сведочењето на Марјан Јанкуловски, поранешен вработен во УБК. Испрашуван од обвинителот Трајче Пеливанов, сведокот Јанкуловски кажа дека пристап до фолдерите со прислушуваните телефонски броеви имале обвинетите Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Надица Николиќ, кои со таа привилегија можеле да ги видат броевите, да ги прислушуваат разговорите и да ги читаат СМС пораките, пренесе државната агенција МИА.

    Јанкуловски кажа дека на цедиња ги снимал прислушуваните разговори, од кои дел биле со судска наредба, а дел без. Цедињата со прислушувани разговори без судска наредба ги давал на обвинетата началничка Николиќ, а избеганиот ексначалник на Петтата управа Горан Грујевски еднаш му побарал да му сними цедиња со разговори од Зоран Заев.

    Во овој предмет за злоупотреби на системите за прислушување во УБК, но и за нивно уништување откако почна СДСМ да ги објавува прислушуваните разговори, покрај Мијалков, Грујевски и Николиќ, обвинети се и Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, Никола Бошковски, како и уште 5 нелегални прислушувачи од УБК. Со пасошот на едниот од нив, на обвинетиот Владимир Варелов, неговиот тогашен шеф Горан Грујевски избега во Грција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира