ГРУПА КОНГРЕСМЕНИ ПОБАРАА ОД БАЈДЕН ДА ЈА ПРИТИСНЕ ЕУ ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

    ГРУПА КОНГРЕСМЕНИ ПОБАРАА ОД БАЈДЕН ДА ЈА ПРИТИСНЕ ЕУ ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА„Целосната интеграција на Западен Балкан во трансатлантската заедница треба да биде приоритет за САД за да се запре ширењето на влијанието на автократските режими, вклучувајќи ги Русија и Кина“, се вели во писмото. (Фото: Твитер)

    19 американски конгресмени му пишаа на државниот секретар на САД Ентони Блинкен дека е потребно САД да се ангажира повеќе на Западен Балкан по руската инвазија на Украина.

    Во писмото, конгресмените бараат од администрацијата на претседателот Џо Бајден да го поддржи и охрабри проширувањето на ЕУ за да ги зацврсти и заштити долгорочните американски инвестиции во регионот.

    „И Северна Македонија и Албанија ја комплетираа потребната работа и припаѓаат во европската сфера. Продолжувањето на застојот во овој процес само ќе им овозможи на штетните актери да ја искористат несигурноста“, се вели во писмото, објавено од конгресменката Дина Тајтус.

    Конгресмените додаваат дека „со оглед на руската неиспровоцирана и незаконска инвазија на Украина, целосната интеграција на Западен Балкан во трансатлантската заедница треба да биде приоритет за САД за да се запре ширењето на влијанието на автократските режими, вклучувајќи ги Русија и Кина“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира