ГРУПА ОСУДЕНИЦИ ИСКОПАЛЕ 40 МЕТРИ ТУНЕЛ ВО ОБИД ДА ИЗБЕГААТ ОД ИДРИЗОВО

    ГРУПА ОСУДЕНИЦИ ИСКОПАЛЕ 40 МЕТРИ ТУНЕЛ ВО ОБИД ДА ИЗБЕГААТ ОД ИДРИЗОВОо тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела на осудениците за осветлување на тунелот. (Фото: МВР)

    Полицијата спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово преку ископан тунел во должина од околу 40 метри, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека станува збор за група од најмалку осуммина осуденици кои издржуваат казни од 10 години до доживотен затвор, кои го ископале тунелот на длабочина од 1 метар, со ширина од 80 сантиметри, обезбедувајќи го со попречни греди и тули.

    „Беше утврдено постоење на ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот“, велат од МВР.

    Оттаму додаваат дека во координација со надлежното јавно обвинителство преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира