Групацијата „Балфин“ во првите шест месеци од 2026 уплатила над 52 милиони евра по основ на даноци, соопшти* компанијата. Оваа бројка, како што велат од компанијата, го одразува сè поголемиот фискален придонес на компаниите во рамките на „Балфин“ за економиите на земјите во кои работат.
Износот од над 52 милиони евра претставува директен прилив во јавните буџети на земјите во кои групацијата е присутна. Покрај своите деловни активности и инвестиции, компаниите во рамките на „Балфин“ придонесуваат за јавните приходи, а со тоа и за финансирањето на јавните услуги во тие земји. Даночниот придонес на групацијата го одразува континуираното проширување на нејзините деловни активности, развојот на постојното работење и сè поголемото присуство на нови пазари. Оттука, фискалниот придонес претставува конкретен показател за економската активност што групацијата ја создава на пазарите на кои работи.
„Растот на деловното работење оди рака под рака со придонесот за локалните економии и заедници. Групацијата продолжува да го проширува своето присуство на меѓународните пазари, додека инвестициите во различни сектори се насочени кон создавање долгорочна економска вредност“, велат од „Балфин“.
Со деловни активности во повеќе земји и во повеќе сектори, меѓу кои малопродажбата, недвижностите, финансиските услуги, управувањето со средства и туризмот, „Балфин“ директно вработува повеќе од 5.000 лица и придонесува за одржување на уште над 15.000 работни места преку активности тесно поврзани со компаниите во рамките на групацијата. Преку плаќањето даноци, вработувањето, инвестициите и развојот на локалните бизниси, работењето на „Балфин“ создава поширок економски придонес во земјите во кои групацијата е присутна.
*Комерцијална објава



