Специјалниот пратеник за Македонија на германското Министерство за надворешни работи, Јоханес Хајндл, утре ќе допатува во дводневна посета на Скопје, соопшти денеска германската амбасада.
„Надоврзувајќи се на неговата посета од минатата недела, aмбасадорот Хаjндл одново ќе разговара со партиите-потписнички на Договорот од Пржино како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски“, стои во соопштението.
Хајндл минатата недела пред средбите со политичките лидери соопшти дека дојден да сослуша и дека потоа на следната посета, во координација со ЕУ и САД, ќе излезе со конкретни предлози за решавањето на политичката криза, која се продлабочи откако претседателот Ѓорге Иванов помилува политичари и нивни соработници.