„Одлуката на претседателот Иванов да ја повлече аболицијата само за извесен број луѓе не е доволна. Како што повеќепати истакна ЕУ, опсежно решение е клучот за да се избегне селективна правда“, напиша вечерва на Твитер еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, како коментар за одлуката на Иванов да ја повлече аболицијата за 22 политички ангажирани лица меѓу оние 56-мина кои ги помилува за кривични дела што произлегуваат во врска со прислушуваните материјали.