ХИРУРШКИТЕ САЛИ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ ЌЕ РАБОТАТ ВО ДВЕ СМЕНИ, НО САМО ПО ЕДНА САЛА ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ КОРИСТИ НАДВОРЕШНИТЕ КОМПРЕСОРИ, ВЕЛИ МАНОЛЕВА

    ХИРУРШКИТЕ САЛИ НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ ЌЕ РАБОТАТ ВО ДВЕ СМЕНИ, НО САМО ПО ЕДНА САЛА ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ КОРИСТИ НАДВОРЕШНИТЕ КОМПРЕСОРИ, ВЕЛИ МАНОЛЕВАХируршките сали во скопските клиники се затворени од 22 мај поради реа од компресорите. (Фото: К. Попов)

    Заменичката-министер за здравство Маја Манолева им нареди на клиниките од скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ да  ги отворат операционите сали со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух, соопшти Министерството за здравство.

    Хируршките сали во скопските клиники се затворени од 22 мај поради реа, а министерот за здравство Илир Демири на 27 мај рече дека ќе останат затворени сѐ додека не стигнат резултатите од земените примероци од компресорите кои се пратени во Германија и сѐ додека трае истрагата на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Пациентите за неврохируршки операции се праќаат во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, а останатите во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“.

    Министерството за здравство сѐ уште нема соопштено дали стигнале примероците од Германија, но како што велат денес оттаму, ќе укаже до клиниките да набават надворешни компресори заради функционирање на установите со итен и елективен програм.

    „Во наредбата до Клиниките за урологија, за Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), за неврохирургија, за дигестивна хирургија, за пластична и реконструктивна хирургија, за торако-васкуларна хирургија, за детска хирургија стои дека реализирањето на оперативниот програм треба да се организира по принцип работа во две смени (прва и втора), а оперативниот план и редослед на пациентите да се реализира согласно Одлука и утврден распоред од страна на стручниот колегиум на секоја јавна здравствена установа“, вели Министерството, додавајќи дека „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8 Септември“  треба да продолжат да работат со максимално искористување на капацитетите и со поддршка од дополнително потребен здравствен персонал согласно склучени договори за соработка со универзитетските хируршки клиники при Клинички центар, кои е потребно да се достават до Министерството за здравство.

    Манолева денес изјави дека со наредбата што вчера ја добија хируршките клиники, биле задолжени да организираат работа во две смени, сѐ со цел за да се продолжи периодот на интервенции во една сала, затоа што имаат ограничен број на надворешни компресори коишто може да ги користат операционите сали. Таа додаде дека било договорено, на пример, да работи една наместо две операциони сали, но, во две смени со што практично би го добивале речиси доволниот капацитет на хируршките сали.

    „Наредбата предвидува секоја од клиниките да стапи во контакт со Клиниката ‘Св. Наум Охридски’ и ГОБ ‘8 Септември’ за потребата од дополнителен персонал кој ќе биде пратен на работа како помош за одреден временски период, а врз основа на склучена спогодба за меѓусебна соработка помеѓу јавните здравствени установи“, велат од Министерството за здравство.

    На следната владина седница, Манолева ќе достави информација и ќе побара од Владата да ја задолжи Службата за општи и заеднички работи да спроведе итна набавка на нова компресорска станица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира