ХОЛАНДИЈА ГО УКИНУВА КАРАНТИНОТ ЗА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ

    ХОЛАНДИЈА ГО УКИНУВА КАРАНТИНОТ ЗА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИОстанува обврската да се приложи негативен тест за коронавирус при влегувањето во Холандија (Фото: СДК.МК)

    Холандија објави дека целосно вакцинираните македонски граѓани веќе нема да мора да одат во карантин при влегувањето во земјата. Оваа обврска ќе биде укината на 22 септември, а беше воведена во почетокот на месецот, кога Македонија беше ставена на листата земји во кои што постои многу висок ризик од зараза со коронавирусот.

    „Целосно вакцинираните патници од високоризичните региони веќе нема да мора да одат во карантин при влегувањето во Холандија. За нив останува обврската да бидат тестирани“, пренесе Холандската амбасада во Скопје.

    Холандија на 6 септември значително ги заостри правилата за влез во земјата. Покрај вакцина и карантин, од патниците почна да се бара и негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, односно негативен антиген тест не постар од 24 часа. Властите потенцираа дека потврда за вакцинирање или за прележан ковид-19 не е доволна сама по себе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира