Амбасадата на Кралството Холандија заедно со „Пивара Скопје“ и „Пакомак„ во четврток на пладне организира твит-ап за чистење на кејот на Вардар. Во акцијата за чистење на кејот од ѓубре и смет досега се пријавиле тимови од амбасадите на Соединетите американски држави и на Велика Британија, соопштија од холандската амбасада..
Од холандската амбасада велат дека по трет пат организираат акција за чистење, и дека годинава акцијата се совпаѓа со одбележување на Денот на кралот Вилем Александер.
Американскиот амбасадор Џес Бејли на твитер објави дека тимот од неговата амбасадата е среќен што може да се вклучи во активностите за чистење, организирани од неговиот колега Ваутер Пломп од амбасадата на Холандија.
Во претходните две акции организирани од холандската амбасада, се чистеше ѓубре и смет од кејот на Вардар и кај Езерото Матка. Во овие акции покрај вработените од амбасадата редовно учествува и амбасадорот на Холандија Вилем Ваутер Пломп, а во минатогодишната акција за чистење на Матка се вклучи и британскиот амбасадот Чарлс Гарет.
Пред неколку години холандската амбасада организираше и чистење на Маврово.