ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ НА ПРОТЕСТ ГО ПОБАРА ВИКЕНДОТ БЕЗ ДДВ ШТО ГО ВЕТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

    ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ НА ПРОТЕСТ ГО ПОБАРА ВИКЕНДОТ БЕЗ ДДВ ШТО ГО ВЕТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИХристијан Мицкоски на денешниот протест побара и враќање на старата цена на струјата, како и професионализација на Регулаторната комисија за енергетика. (Фото: К. Попов)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протест на неговата партија по улиците на центарот на Скопје побара власта да го реализира ветувањето за викенд без ДДВ. Идејата за викенд без ДДВ ја промовираше техничкиот премиер Оливер Спасовски во мај годинава, како дел од третиот сет мерки за справување со последиците од пандемијата на коронавирус

    „Второто наше барање е викенд без ДДВ. Вие го ветивте тоа за месец септември. Помина еден викенд, вториот е пред нас. Септември има четири викенди, имате време на следната владина седница донесете одука за интересите на овој народ. Викенд без ДДВ, тоа го ветивте пред изборите, тоа мора да го испорачате“, изјави Мицкоски на протестот.

    Првото барање на Мицкоски до Владата е враќање на старата цена на електричната енергија, а третото и последно барање е професионализација на Регулаторната комисија за енергетика.

    Викендот за ДДВ првично беше најавен за крајот на август, кога од владата очекуваа да спласне пандемијата. На 2 септември, на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК, од Владата одговорија дека оваа економска мерка ќе се реализира кога ќе заврши законската процедура и се изготви правилник, но засега не се знае кога тоа ќе се случи.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира