Десет твитерџии и твитерџики се разголеа за Твитер календарот за 2017 година, кој вечерва беше промовиран во фоајето на кино „Фросина“. Ова е четврто издание на календарот, а втора година по ред го прави фоторепортерот Ѕвонко Плавевски, овојпат со помош на Димитар Петровски-Дими.
Средствата собрани од продажба на календарот, како и досега, ќе одат во хуманитарни цели. Промоцијата на календарот е дел од активностите за Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, под мотото „Шизици уживајте без ризици! Тестирај се, заштити се, не дискриминирај…“
„Лесно најдовме луѓе кои сакаа да се фотографираат за календарот и снимањето одеше спонтано и неинхибирано. Соработката со Димитар беше природна и многу ни е мило што годинава со календарот даваме поддршка за ваква хуманитарна цел“, изјави Плавевски за САКАМДАКАЖАМ.МК.