И ДА НЕМА МНОЗИНСТВО ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО, КАЖА ДЕСКОСКА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ

    И ДА НЕМА МНОЗИНСТВО ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО, КАЖА ДЕСКОСКА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, осомничен во истрагата „Моќник“, побара оставка од Рената Дескоска, бидејќи, како што кажа тој, во нејзин мандат како министер за правда, се случил најголем скандал, именуван „Рекет“. - Дескоска денеска во Собранието (Фото: К. Попов)

    Ако не се најде двотретинско мнозинство за Законот за Јавно обвинителство, ќе се оди на други варијанти со преземање на сите предмети на СЈО, вклучително и тие за кои има обвиненија, односно судски процеси, или ќе се оди преку Советот на јавни обвинители.

    „Во случај да не се најде мнозинство за Законот за јавно обвинителство, сите предмети на Специјалното јавно обвинителство ќе ги преземе и ќе ги продолжи друго јавно обвинителство. Или, со измена на Законот за Совет на јавни обвинители, кој се носи со обично мнозинство, ќе се најде решение за функционирање на Специјалното обвинителство“, рече во Собранието министерката за правда Рената Дескоска.

    Претходно, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, осомничен во истрагата „Моќник“, побара оставка од неа, бидејќи, како што кажа, во нејзин мандат како министер за правда, се случил најголем скандал, именуван „Рекет“.

    „Еднаш Милошоски ми посака да не ме реконструираат и тоа беше застрашувачка порака, така што сега, штом ми бара оставка, за мене е комплимент. Јас не робувам на партиски интереси, не сум нивен сервис“, одговори Дескоска на обвинувањата на Милошоски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира