Споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје денеска е украсен со знаме на кое пишува „Смрт на фашизмот, слобода на народот“. Поради убавото време паркот е полн со луѓе.
Не се знае дали станува збор за нова герила акција на некоја невладина организација, или знамето е останато од синоќешните протести низ центарот на главниот град. Пред Собранието и пред Владата имаше десетина знамиња со истата содржина.
Денеска нема протести во Скопје, демонстрациите ќе продолжат утре во 18 часот пред зградата на СЈО, објави утринава на својата Фејсбук страна и на Твитер, организаторот, граѓанската иницијатива Протестирам.
Протестите во Скопје, Битола и Струмица вчера поминаа мирно. Демонстрантите бараа оставка од претседателот Иванов, формирање експертска влада и одложување на изборите од 5 јуни