И ХОЛАНДИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРИСТАПНИОТ ПРОТОКОЛ ЗА НАТО, ОСТАНУВААТ УШТЕ ФРАНЦИЈА И ШПАНИЈА

    И ХОЛАНДИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРИСТАПНИОТ ПРОТОКОЛ ЗА НАТО, ОСТАНУВААТ УШТЕ ФРАНЦИЈА И ШПАНИЈАОд 29 членки на НАТО, останува протоколот да го ратификуваат уште Франција и Шпанија за да станеме полноправна членка. - Министрите за надворешни работи Стеф Блок и Никола Димитров (Фото: Твитер)

    Холандскиот сенат го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, објави холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок. Од 29 членки на НАТО, останува да го ратификуваат уште Франција и Шпанија за да станеме полноправна членка.

    „Мило ми е што денеска Холандскиот сенат гласаше за ратификација на Пристапниот протокол кој ѝ овозможува на Северна Македонија да му се приклучи на НАТО. Среќен сум што можам да ѝ посакам добредојде на Северна Македонија како 30. Членка на НАТО, дополнително зајакнувајќи ја Алијансата и придонесувајќи на евроатлантската безбедност“, твитна Блок.

    Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вчера изјави дека процесот на ратификација во Франција да заврши до крајот на годината, а во Шпанија се чека на конституирање на парламентот по вонредните избори што се одржаа викендов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира