И ЈАНАКИЕСКИ И БОЖИНОВСКИ ОД „ТИТАНИК“ ИЗЛЕГУВААТ ОД ШУТКА, СЀ УШТЕ НЕМА ОДЛУКА ЗА САШО МИЈАЛКОВ И ТОДОР МИРЧЕВСКИ ОД „ИМПЕРИЈА“

    И ЈАНАКИЕСКИ И БОЖИНОВСКИ ОД „ТИТАНИК“ ИЗЛЕГУВААТ ОД ШУТКА, СЀ УШТЕ НЕМА ОДЛУКА ЗА САШО МИЈАЛКОВ И ТОДОР МИРЧЕВСКИ ОД „ИМПЕРИЈА“Специјалната обвинителка Катица Јанева даде позитивно мислење да им се ублажи мерката и да го напуштат затворот во Шутка. - Миле Јанакиески; Кирил Божиновски (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје претпладнево донел одлука од притвор од Шутка да бидат пуштени Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, обвинети во судскиот процес за изборни нерегуларности „Титаник“, како и осомничените Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска од истрагата на СЈО „Империја“.

    На сите мерката им е преиначена во куќен притвор и плус одземање на патните исправи.

    Од притворените во оваа истрага, нема одлуки сѐ уште за Тодор Мирчевски и за Сашо Мијалков.

    Вчера од притвор беа пуштени Јордан Камчев и Цветан Панделески и тие се веќе дома.

    За сите специјалната обвинителка Катица Јанева даде позитивно мислење да им се ублажи мерката и да го напуштат затворот во Шутка.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира