И КАСАМИ ЛИ СТАНА ЗАЛОЖНИК НА ЛЕВИЦА, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ОТКАКО БЕСА ПОБАРА ПРЕДВРЕМНИ ИЗБОРИ ЗА ДА ГЛАСА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

    И КАСАМИ ЛИ СТАНА ЗАЛОЖНИК НА ЛЕВИЦА, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ОТКАКО БЕСА ПОБАРА ПРЕДВРЕМНИ ИЗБОРИ ЗА ДА ГЛАСА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИКасами вчера рече дека Беса нема да ги поддржи уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, ако власта не попушти за предвремени парламентарни избори. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Димитар Ковачевски вели дека единствено партијата Левица е против зачленувањето на Македонија во ЕУ, додавајќи дека не сака да верува дека Беса на Биљал Касами станала заложник на Димитар Апасиев, откако вчера градоначалникот на Тетово кажа дека неговата партија ќе ги поддржи уставните измени само ако има предвремени парламентарни избори.

    „Ова е прашање на принципи и условување за вакви прашање е недозволиво. Зачленувањето во ЕУ е неповратен процес и тој процес единствено може да биде закочуван од оние кои се против членството во ЕУ. Таква партија има, тоа е партијата Левица и не сакам да верувам дека господинот Касами исто така се има ставено да биде во позиција на заложник на партијата Левица. Условување на вакви важни одлуки е кочење на иднината на државата. Процеси кои имаат стратешко значење не може да бидат предмет на уцени, тие се за граѓаните. Замислете на следната одлука за ЕУ некој да рече ќе ве поддржиме само ако има предвремени избори во Тетово“, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата за буџетот на министерството за економија за 2023 година.

    Касами вчера рече дека Беса нема да ги поддржи уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, ако власта не попушти за предвремени парламентарни избори.

    „Ако за власта приоритет е промената на Уставот и внесување на Бугарите како народ во него, тогаш мора да се направи компромис за предвремени избори“, изјави Касами на прес-конференција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира