Македонската влада донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина, соопштија од Владата.
„Владата на Република Северна Македонија се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина. Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина“, велат од Владата.
Одлуката на македонската влада доаѓа ден откако Европската унија објави дека ќе ѝ помогне на Украина да се одбрани од руската инвазија со помош во оружје и опрема.
Досега, оружје најавија дека ќе испратат голем дел од членките на ЕУ и НАТО.
Денеска е петтиот ден од руската инвазија на Украина.