И ЗА САШО МИЈАЛКОВ СЈО ПРЕПОРАЧА ДA ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР

    И ЗА САШО МИЈАЛКОВ СЈО ПРЕПОРАЧА ДA ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОРПретходно Апелациониот суд со парични гаранции ги пушти по препорака на Јанева во куќен притвор Јордан Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска од „Империја“, но и Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од „Титаник“. - Сашо Мијалков со адвокатите на вчерашното судење за „Тортура“ на СЈО (Фото: Ѓ. Личовски)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева до судија на претходна постапка што им ги одреди притворите на осомничените во „Империја“, испратила позитивно мислење да може и притворениот во Шутка Сашо Мијалков да замине во куќен притвор.

    Судијата одлучува веднаш.

    Претходно Апелациониот суд со парични гаранции ги пушти по препорака на Јанева во куќен притвор Јордан Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска од „Империја“, но и Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од „Титаник“.

    Само Тодор Мирчевски од „Империја“ фалеше во денешното соопштение на Апелација за одлуките за куќен притвор, а СЈО вели дека и за него е испратено позитивно мислење за да му биде ублажена мерката притвор.

    Според извори во Специјалното обвинителство, причина што се предомислија оттаму за ублажување на мерките притвор во куќен притвор, биле проценките дека и со поблагата мерка во овој момент може да се постигнат целите на присуството на осомничените во постапката. И Законот за кривична постапка вели дека ако цениш дека со поблага мерка ќе ја постигнеш целта, употреби ја, велат во СЈО.

    Според соговорниците, со куќниот притвор ќе има засилен полициски надзор и постојано присуство на полиција околу куќите на осомничените.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира