ИГОР СПАСОВ, УБИЕЦОТ НА МАРТИН НЕШКОСКИ, ВО САМИЦА ВО ИДРИЗОВО ОТКАКО НОЌЕСКА НАПРАВИЛ ИНЦИДЕНТ

    ИГОР СПАСОВ, УБИЕЦОТ НА МАРТИН НЕШКОСКИ, ВО САМИЦА ВО ИДРИЗОВО ОТКАКО НОЌЕСКА НАПРАВИЛ ИНЦИДЕНТОсуденикот Игор Спасов се поздравува со Зоран Заев за време на посетата на премиерот на затворот „Идризово“ на 11 септември минатата година. (Фото: МИА)

    Осудениот специјалец од МВР Игор Спасов од раните утрински часови е во самица во затворот „Идризово“. Не се знае до кога ќе ја издржува оваа казнена мерка, велат од Управата за санкции.

    Оттаму потврдуваат дека Спасов ноќеска направил инцидент. Најверојатно побегнал од затворот, па се вратил самиот, но за официјална информација што точно се случило и зошто Спасов е изолиран од останатите затвореници, Управата чека извештај од затворот.

    Спасов го претепа младиот Нешкоски до смрт на победничката прослава на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година на плоштад „Македонија“, во центарот на Скопје. Осуден е на 14 години затвор.

    Поради сомневања од за одговорност на претпоставените на Спасов, произлезени од бомбите со прислушуваните разговори, на почетокот на 2016 година Специјалното јавно обвинителство го презеде овој случај и отвори предистражна постапка. Под силно полициско обезбедување, Спасов двапати (во февруари и мај таа година) дојде на сослушување во СЈО.

    До денес за убиството на Mартин Нешкоски не е отворена истрага, СЈО го води како предистражна постапка. Неофицијално, овој е еден од случаите кои го чекаат новиот закон за заштита на сведоци.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира