Претседателот на Собранието Талат Џафери го пофали однесувањето на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во однос на присуството за кворум на седиците, сега откако завршија локалните избори.
На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали ќе го пофали и однесувањето на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ по гафот со неизгласувањето од прва на Извештајот на Народниот правобранител Иџет Мемети, за кое тие се вадеа дека биле во салата, ама не биле фокусирани, Џафери се насмевна и рече:
„Не сум тука јас да го ценам таквото однесување и да ги фалам пратениците од мнозинството.
А на потпрашање дали ќе им црта и ним како што им црташе на опозициските пратеници, ако продолжат така да се однесуваат и во иднина, Џафери кажа: „Ќе се фокусираме, ако не, цртежи”.
Џафери забележал дека поминало времето кога пратениците може да се концентрираат само на партиските одлуки и да не ги интересираат интересите на граѓаните кои ги избраа, зашто, рече, гласачите на локалните избори покажаа што очекуваат и што бараат од пратениците и оти не го ценат таквото однесување.
С. К. ДЕЛЕВСКА