ИЛИЈА ДИМОВСКИ СЕ ЗАКАНИ СО ПОСЛЕДИЦИ, АКО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОР И ИМЕНУВАЊА НЕ Е ОД ВМРО-ДПМНЕ

    ИЛИЈА ДИМОВСКИ СЕ ЗАКАНИ СО ПОСЛЕДИЦИ, АКО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОР И ИМЕНУВАЊА НЕ Е ОД ВМРО-ДПМНЕПејачот Канго кој минатата година доби субвенции од буџетот за патриотска песна синоќа беше во првите редови на протестот организиран од „За заедничка Македонија“ за време на посетата на Македонија (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во Праламентот денеска во 12 часот треба да продолжи координацијата на парламентарните партии за избор на претседател на Комисијата за избори и именувања, што е услов за закажување на продолжението на конститутивната седница на Парламентот започната на 30 декември 2016 година.
    Партиите на вчерашната корординација го договорија само составот на Комисијата за избори и именување, каде што ВМРО-ДПМНЕ ќе има 6 члена, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.
    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по завршувањето на вчерашната координација, изјави дека досега, секогаш претседателот на оваа комиија доаѓал од редовите на партијата која има добиено најмногу мандати. Тој истакна дека ако останатите партии се согласат, тие се подготвени да го предложат и изберат претседателот на комисијата за избори и именување. Тој кажа дека доколку некој мисли со сила да изгласа претседател на комисијата ќе си ги сноси последиците. На новинарско прашање на какви последици мисли, Димовски кратко одговори „ќе видите во моментот“.
    Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски изјави дека тие го штитат принципот дека претседателот на оваа комисија треба да биде од редовите на партиите кои имаат парламентарно мнозинство. Тој истакна дека се уште не е разговарано дали претседателот на овој комисија ќе биде од СДСМ или од ДУИ.
    На координацијата треба да се разговара и претседател на новото Собрание, а потоа поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски да закаже продолжување на конститутивната седница каде ќе биде избран претседател на Собранието од парламентарното мнозинство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира