ИЛЈАДНИЦИ МАКЕДОНЦИ ЗАМИНАА НА ВАКЦИНАЦИЈА ВО СРБИЈА, НА ТАБАНОВЦЕ СЕ ЧЕКА 45 МИНУТИ

    ИЛЈАДНИЦИ МАКЕДОНЦИ ЗАМИНАА НА ВАКЦИНАЦИЈА ВО СРБИЈА, НА ТАБАНОВЦЕ СЕ ЧЕКА 45 МИНУТИОд вакцинацијата на македонски граѓани во Ниш на крајот на март. (Фото: СДК.МК)

    Во Србија на вакцинација против ковид-19 денеска заминаа илјадници Македонци, од кои поголем дел за да ја примат втората доза во Ниш и Белрад, откако пред три месеци околу 15 илјади ја примија првата доза „АстраЗенека“. На граничниот премин Табановце од утринава има колони за влез во Србија, а последната информација од АМСМ е дека се чека 45 минути.

    Во Ниш, во спортската сала „Чаир“ денеска и утре се спроведува ревакцинација во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, заедно со Стопанската комора на Србија во рамки на Коморскиот инвестициски форум. Од комората велат дека процесот се одвива непречено, без задржувања на вакциналните пунктови.

    Македонската држава нема точен податок колкумина нејзини државјани се вакцинирани во Србија, бидејќи македонските осигуреници секојдневно одат кај северниот сосед, во последно време најчесто до Врање да примат вакцина.

    Претставник на македонските власти, кој не е овластен да дава изјави за јавност, вели дека е можно да станува збор и за околу 25 до 30.000 македонски државјани што примиле вакцина во Србија, што значително го зголемува процентот на вакцинирано население во Македонија.

    Податоците се неофицијални, изведени од податоци на граничната полиција за движење на граничниот премин Табановце, односно за регистрирани излези и влезови преку границата на исти луѓе во период од само неколку часа до два дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира