ИЛУЗИЈА Е ДЕКА НЕКОЈ ДРУГ ЌЕ НАПРАВИ ПОДОБАР ДОГОВОР СО ГРЦИЈА, СМЕТААТ АКАДЕМИЦИТЕ КАМБОВСКИ И ПОПОВСКИ

    ИЛУЗИЈА Е ДЕКА НЕКОЈ ДРУГ ЌЕ НАПРАВИ ПОДОБАР ДОГОВОР СО ГРЦИЈА, СМЕТААТ АКАДЕМИЦИТЕ КАМБОВСКИ И ПОПОВСКИУтрешната научна расправа на тема „ Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евро-атланските интеграции на Република Македонија, како што кажа Камбовски, се организира како одговор на потребата од научна и стручна анализа на Договорот со Грција за спорот за името. На расправата ќе учествуваат, академици, претставници на власта, научници и странски амбасадори. - Академиците Владо Камбовски, Владо Поповски и ректорот на ФОН-Универзитетот Нано Ружин на денешниот брифинг со новинарите (Фото:СДК.МК)

    Договорот од Преспа за решавање на спорот за името е максимум што можеше да се постигне, смета академик Владо Камбовски, кој денес заедно со поранешниот амбасадор и ректор на ФОН- Универзитетот Нано Ружин, и академикот Владо Поповски, одржаа брифинг за Договорот од Преспа.

    И академикот Владо Поповски, кој е и член на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, вели дека не можеше да се направи подобар договор и оти е илузија доколку некој каже дека би склучил подобар од овој.

    Одговарајќи на новинарско прашање, академик Владо Поповски рече дека ќе излезе на референдумот.

    „Добро ја познавам грчката историја, јас потекнувам од место кое со границата со Грција, дел од фамилијата е во Грција. Ова е максимумот што можеше да го добиеме. Некој друг би склучил подобар договор од овој е илузија. Ако има, треба да каже конкретно како може да направиш подобар“, вели академик Поповски.

    Академик Камбовски на 20 страници го образложи својот став за Договорот со Грција, за кој смета дека е според европските правила и не го загрозува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и државјанството.

    „Постигнатиот консензус околу новото име е компромис меѓу двете страни: задржано е името Македонија, со што не се загрозува идентитетот на македонскиот народ кој живее на нејзина територија, но додадена е географска одредница со која таа се разликува од северниот регион на Грција“, кажа Камбовски.

    Професорот Камбовски, вели дека треба да се продолжи со праксата за склучување на договор, како што се Договорот со Грција за името и Договорот со Бугарија за добрососедство, и вакви договори треба да се склучат и со другите соседни земји.

    „МАНУ ќе се залага да го задржи акронимот без да се преименува во Академија на науките на Северна Македонија. Има простор за либерално толкување на членот од Договорот кој се однесува на кодовите и придавките на државните институции. Кога ќе дојде време за имплеметација на Договорот, ние ќе се обидеме да дадеме доволно аргументи дека МАНУ, МНТ, Македонската Филхармонија, треба да ја задржат автономијата на употреба на терминот „македонски“. Да, МАНУ има с финансиска поддршка од државата, но, таа не се меша во работата на МАНУ. Задржувањето на придавка нема да има штета за другата страна зашто тамошната Атинска академија не ја користи истата придавка“, рече академик Камбовски.

    Професорот Попоски за името на МАНУ, пак смета дека не е проблем кој го има Грција, туку дека е проблем внатрешен, бидејќи Македонија е дефинирана како мултиетничка држава, а сегашното име друго асоцира.

    Камбовски рече дека искажаното не е официјален став на МАНУ, туку дека тоа се анализи и размислувања на академици од Центарот за стратегиски истражувања на Академијата.

    Утрешната научна расправа на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатланските интеграции на Република Македонија, како што кажа Камбовски, се организира како одговор на потребата од научна и стручна анализа на Договорот со Грција за спорот за името. На расправата ќе учествуваат, академици, претставници на власта, научници и странски амбасадори.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира