ИМ БЛАГОДАРАМ И ЧЕСТИТАМ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ДИСЦИПЛИНАТА И САМОЖРТВАТА, РЕЧЕ БУЈАР ОСМАНИ

    ИМ БЛАГОДАРАМ И ЧЕСТИТАМ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ДИСЦИПЛИНАТА И САМОЖРТВАТА, РЕЧЕ БУЈАР ОСМАНИ„Имаше и пропусти во делот на имплементацијата на мерките, но ова е нова закана која беше невидена претходно и никој не можеше да се подготви“, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. (Фото: Влада на РСМ)

    Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи им се заблагодари и им честиташе на граѓаните за високото ниво на дисциплина, високата граѓанска свест и саможртва што ги покажале во сите овие недели на наметнати рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот. Османи призна и дека имаше и пропусти во имплементацијта на мерките.

    Од утре нема да има полициски час, а в четврток ќе почнат со работа терасите на кафулињата и рестораните, одлучи Владата на денешната седница.

    „Со тоа помогнавте да се зачува вашето здравје. Имаше и пропусти во делот на имплементацијата на мерките, но ова е нова закана која беше невидена претходно и никој не можеше да се подготви. Не беше лесно за Владата, а уште помалку за граѓаните, но ние успеавме од првиот момент на влез на вирусот, преку ширењето, да воспоставиме контрола. Денешните укинувања на рестрикциите не се ад хок решенија, туку се дел од една подолгорочна стратегија“, рече Османи.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира