ИМ ОБЈАВИВМЕ ВОЈНА НА КРИМИНАЛНИ ГРУПИ КОИ НЕКОЈ 30 ГОДИНИ ГИ СОЗДАВАЛ, ОДГОВОРИ СПАСОВСКИ НА ПРАШАЊЕ ЗА ПУКАЊЕТО ВО „ИСТ ГЕЈТ“

    ИМ ОБЈАВИВМЕ ВОЈНА НА КРИМИНАЛНИ ГРУПИ КОИ НЕКОЈ 30 ГОДИНИ ГИ СОЗДАВАЛ, ОДГОВОРИ СПАСОВСКИ НА ПРАШАЊЕ ЗА ПУКАЊЕТО ВО „ИСТ ГЕЈТ“Спасовски денеска беше на отворање на нов објект за форензички испитувања. (Фото: МВР)

    Министерот за внатрешни работи вели Оливер Спасовски вели дека полицијата им објавила неселективна војна на криминалните структури кои што некој ги создавал 30 години, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашното пукање во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје при што двајца се повредени и се в болница. Спасовски рече дека станува збор за криминална пресметка и дека на полицијата ѝ е познат бекграундот на лицето во кое пукано и конфликтите што ги има.

    „Прво, дека станува збор за криминална пресметка, станува збор за криминална пресметка, и точно се знае бекграундот на лицето во кое е пукано и конфликтите што ги има. Практично, тие криминални групи се разбиени во најголемиот дел, во многу оперативни акции кои што сме ги преземале секојдневно. Самите сте сведоци дека само во последниот месец имаме приведени тројца како дел од групите што беа во т. н. оперативна акција ‘Планина’ и тоа говори за еден висок степен на ангажираност… и за конфронтација помеѓу тие криминални групи кои што 30 години некој ги создавал. Сега им објавуваме и објавивме неселективна војна против тие криминални структури и тука нема да застанеме и треба да биде јасно апсолутно на сите дека безбедноста на државата и на градот е најважна за сите нас. Работиме интензивно, но тоа се работи кои не можеме да ги споделиме во јавност“, кажа Спасовски на отворање на нов објект за форензички испитувања.

    Спасовски вели и дека не треба да се верува на информации објавени на социјалните мрежи.

    „Најдобро е информациите да ги земате од официјални извори, преку институции. Тоа што ќе го напише некој на социјалните мрежи, тоа што ќе го објавуваат во јавноста да не се зема со преголема сериозност заради тоа што во овој момент не може да се каже дека тоа е така, затоа што сите докази се прибираат во рамки на истражната постапка и ќе бидете информирани за сè“, додаде Спасовски.

    Тој вели дека е формиран посебен штаб во МВР за да се открие сторителот, но и мотивите.

    Вчера во „Ист гејт“ беа повредени две лица во кои пукаше непознат напаѓач. Еден од ранетите е Раде Трајковски-Штекли, кон кого и пред два месеца беше пукано во „Ист Гејт“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира