ИМА НОВ ПАКЕТ ЗА ПОМОШ НА УКРАИНА, ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ СТАБИЛНА ЧЛЕНКА НА НАТО, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ МИСАЈЛОВСКИ

    ИМА НОВ ПАКЕТ ЗА ПОМОШ НА УКРАИНА, ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ СТАБИЛНА ЧЛЕНКА НА НАТО, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ МИСАЈЛОВСКИНабрзо ќе се пушти таа информација и ќе се обзнани каква опрема ќе се дава, вели Мисајловски. (Фото: Министерство за одбрана)

    Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави нов пакет за помош на Украина, за кој што рече дека наскоро ќе се најде на одобрување на седница на Влада. Мисајловски вели дека ние имаме обврска секоја година да издвојуваме средства за помош на Украина, бидејќи сме членка на НАТО. Тој повтори дека ние сме петти по големина донатор на помош за Украина, според БДП, и дека тоа е важно за нас да покажеме дека сме стабилна членка на НАТО

    „Има дополнителен пакет за помош на Украина, мислам дека многу скоро ќе се најде на седница на Влада. Чекаме сите да добијат безбедносен сертификат, бидејќи некои од информациите се со доверлив карактер. Набрзо ќе се пушти таа информација и ќе се обзнани каква опрема ќе се дава. Согласно регулативата, ние секоја година треба да издвојуваме средства за помош на Украина, согласно тоа дека сме членка на НАТО.
    Важно е овој период да направиме проценка на сето она што сме го дале како земја, бидејќи во овој момент ние сме петти донатор на Украина и тоа ќе продолжи во иднина. Тоа е важно за Украина и важно за нас да покажеме дека сме стабилна членка на НАТО“, кажа Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање во касарната „Илинден“ во Скопје, ќеде што се изврши примопредавање на донација на опрема од Република Турција за потребите на Армијата.

    Донацијата од Турција се состои од дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира