САМА СЕ УДРИВ ВО ПАЈАКОТ, МУ КАЖА ПОЛИЦАЈКАТА НА СПАСОВСКИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО АСАНИ ОД ДУИ

    САМА СЕ УДРИВ ВО ПАЈАКОТ, МУ КАЖА ПОЛИЦАЈКАТА НА СПАСОВСКИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО АСАНИ ОД ДУИПолицајката Јасмина Јаначковска на денешната средба со министерот Оливер Спасовски по вчерашниот инцидент. (Фото: МВР)

    Полицајката која беше нападната од функционерот на ДУИ Беќир Асани вчера кога Пајак службата му го кревала непрописно паркираното возило, вели дека имала само вербална расправија и сама се удрила во возилото на Пајак службата.

    „Во текот на  вршењето на редовна контрола забележав неколку возила кои се непрописно паркирани. Според процедурата, возилата ги  фотографиравме, и започнавме со нивно подигање. Во тој момент пристапи едно непознато лице за кое подоцна разбрав дека станува збор за Б.А., и почна да вика. Веднаш повикав засилување и дојдоа поголем број полициски службеници“, одговорила Јасмина Јаначковска на прашањето од министерот Спасовски дали имало каков било физички контакт и зошто полициската службеничка побарала медицинска помош.

    Министерот Спасовски ѝ оддал признание на Јаначковска за нејзиното професионално постапување и потенцирал дека ги охрабрува сите полициските службеници да постапуваат неселективно и професионално, согласно нивните  законските овластувања. (Фото: МВР)

    Како што соопшти МВР, Јаначковска му објаснила на министерот дека со лицето Б.А. имала само вербална расправија, меѓутоа  при повлекување од местото на настанот таа се удрила со левата рака во специјалното возило „пајак“, но не се здобила со посериозна повреда, што било констатирано и при лекарскиот преглед во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира