ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД СЗО ВРЕДНА 305 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ

    ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД СЗО ВРЕДНА 305 ИЛЈАДИ ДОЛАРИДонацијата е лична заштитна опрема за здравствените работници на Инфективна клиника; - Донацијата од СЗО денес ја прими директорката д-р Милена Стевановиќ (во средина). (Фото: Министерство за здравство)

    Донација вредна 305 илјади долари доби Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Светската здравствена организација (СЗО). Донацијата е лична заштитна опрема за здравствените работници на Инфективна, а како што вели Министерството за здравство, доаѓа од Фондот за солидарност.

    Пратката содржи 293.700 парчиња опрема за лична заштита, односно 65.000 медицински маски, 122.000 Н95 заштитни маски, 5.200 очила, 10.500 заштитни наметки и 91.000 ракавици.

    „Проверени се сите предмети од испорачаната опрема за да се обезбеди исполнување на стандардите за квалитет и безбедност за здравствените работници во првите редови со ковид-19“, додаваат од Министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира