ИНСПЕКТОРАТОТ АПЕЛИРА КАФАНЏИИТЕ ДА СЕ ВОЗДРЖАТ БАРЕМ ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС ДА НЕ ГИ ОТВОРААТ ОБЈЕКТИТЕ

    ИНСПЕКТОРАТОТ АПЕЛИРА КАФАНЏИИТЕ ДА СЕ ВОЗДРЖАТ БАРЕМ ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС ДА НЕ ГИ ОТВОРААТ ОБЈЕКТИТЕПазарните инспектори од 4 до 11 мај извршиле вкупно 2.221 инспекциски надзори при што затвориле 5 угостителски објекти во Кичево, Охрид, Тетово и Струмица. - Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски (Фото: Влада)

    Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски апелираше барем во полициски час да не се отвораат угостителските објекти, бидејќи, како што кажа, инспекторите кои се по цел ден работа да не мора и ноќе да излегуваат на терен да ги затвораат.

    „Многу објекти се осмелија дури и во полициски час да отвораат и да се собираат луѓе. Сè што правиме е за здравјето на луѓето. И синоќа и ноќта пред тоа затворавме објекти и во Тетово, Врапчиште и во Гостивар. Упатувам апел барем во полициски час да не доаѓа до тоа инспекторите кои се по цел ден на работа да бидат повикувани од полицијата за да затвораме објекти бидејќи, пред сè, сите кои одат во такви објекти го загрозуваат и нивното семејство“, изјави денеска Пауновски на редовната прес-конференција на Инспекцискиот совет.

    Тој кажа дека пазарните инспектори од 4 до 11 мај извршиле вкупно 2.221 инспекциски надзори при што затвориле 5 угостителски објекти во Кичево, Охрид, Тетово и Струмица, кои работеле и покрај забраната со мерките од Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира